Легендата на Рома, денес функционер во клубот, Франческо Тоти, не се противи на идеата некој да ја наследи неговата „десетка’.
Тоти повеќе од 20 години, ја носеше „десетката“ во Рома, а откако замина в пензија клубот не го повлече бројот од употреба, а по се изгледа ќе помине долго време некој повторно да го задолжи овој број.
„Не сакав да се повлече ‘десетката’, бидејќи знам дека илјада деца мечтаат дека ќе го носат дресот на Рома со тој број. Би било неправедно да им ги уништиме сништата“, рекол Тоти.
Италијанските новинари ги интересирало на кого Тоти би му ја врачил „десетката“?
„Не е лесно да се биде лидер на Рома, да се биде ‘десетката’ на Рома…Тоа е голем товар. Се надевам дека ќе се појави некој нов, некој нов Тоти. Доколку Меси дојде во Рома, лично би му го однел на аеродромот дресот со бројот 10“, рекол Тоти.