Кога Барселона го потврди трансферот на францускиот дефанзивец Жил Кунде од Севилја, заклучокот беше дека каталонскиот клуб уште еднаш го победил Челси во трка за фудбалер по добивањето на Рафиња од Лидс. Меѓутоа, сега спортскиот директор на клубот, Мончи тврди дека тие биле договорени со Челси, пред премиерлигашот да се откаже од интересот за 23-годишниот Кунде.
„Имаше повеќе заинтересирани за Кунде по стартот на преодниот рок и на крајот најупорни беа од Челси, со кои преговаравме до минатиот четврток кога склучивме вербален договор, а и играчот се согласи. Но, фудбалот никогаш не престанува да те изненадува. Челси почнаа да имаат сомнежи и се повлекоа. Не се сомневаа во квалитетот на Жил, туку во неговото место во клубот. Тогаш се појави Барселона, првпт контактиравме во понеделникот. Добивме пониска понуда од очекуваното, но преговаравме и на крајот склучивме договор за рекорден трансфер за нашиот клуб“, вели Мончи.