Top Sport

Фетел добро се снаоѓа и како механичар

Откако излета со својот Астон Мартин во последниот саботен тренинг пред Унгарското ГП, четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел се најде во улога на механичар, помагајќи му на тимот да се поправи болидот за време на квалификациите.

Бидејќи судирот беше негова вина, Фетел, кој ќе се повлече од Ф1 на крајот на сезоната, реши да помогне.

„Наместо да седев наоколу, решив да помогнам со придржување на нешто и слушање на инструкциите од механичарите. Тоа што ми го поправија болидот навреме беше прекрасно“, изјави Фетел.

Тој немаше најдобри квалификации, и денеска ќе стартува од 18. место во Хунгароринг.

Scroll to Top