Карло Анчелоти ја заврши американската турнеја на Реал Мадрид со убедлива 2:0 победа над Јувентус, по што даде неколку интересни изјави за неговиот тим, но и за глаавните шпански ривали Барселона, посебно за нивните засилување во летниот преоден рок.
И покрај тоа што се во тешка финансиска ситуација со огромни долгови, Каталонците беа најактивни на пазарот на играчи, носејќи ги Роберт Левандовски, Жил Кунде, Андреас Кристијансен, Франк Кеси и Рафиња.
„Во фудбалот, веќе ништо не ме изненадува. Тие градат фантастичен тим, но јас секогаш се грижам само за мојот тим. Барселона, секогаш морате да ја почитувате“, вели Анчелоти.
Зборувајќи за сопствениот тим, тој имаше интересна музичка споредба.
„Јас сакам и класици и рокенрол. За мене, Касемиро, Тони Крос и Лука Модриќ за мене се Бермудскиот триаголник, бидејќи топката исчезнува таму“, додава Италијанецот.