Иако си замина од Јувентус пред 12 месеци, Кристијано Роналдо и оваа година негативно влијае на плановите за засилувања на италијанскиот клуб, тврди „Ла газета дело спорт“.
Португалскиот капитен си замина од Торино пред стартот на минтата сезона за да се врати во стариот клуб Манчестер јунајтед, но откако „ѓаволите“ имаа катастрофална сезона во која не успеаја да се вратат во Премиерлигата и наводно тој сака да избори трансфер. Еден од клубовите кои се јавуваат како потенцијална локација е Атлетико Мадрид и покрај противењето на навивачите.
Јувентус чекаат на две потенцијални засилувања во нападот – доколку Роналдо отиде во Атлетико, може да го вратат Алваро Мората, или да се решат за Антони Марсијал од Јунајтед. Но, ако Роналдо замине, Јунајтед ќе се решат да го заддржат Марсијал.
Despite leaving 12 months ago, Cristiano Ronaldo is still negatively affecting Juventus' transfer plans, according to reports in Italy. https://t.co/gGP28qeL81 #Juventus #Calcio #TransferNews
— footballitalia (@footballitalia) July 31, 2022