Ливерпул вчера со 3:1 го победи Манчестер сити во Комјунити шилд натпреварот за одбележување на стартот на новата сезона во англискиот фудбал, и тоа беше доволно да ја убеди обложувалницата „Педи Пауер“ да почне да исплаќа како „црвените“ веќе да ја освоиле титулата од Премиерлигата.
„Некои велат дека Комјунити шилд е само славен пријателски натпревар, но не и ние во ‘Педи Пауер’. Толку го сфаќаме сериозно мечот за отварање на сезоната, што решивме да почнеме да исплаќаме на тие кои го поддржаа Ливерпул да ја освои титулта од Премиерлигата во 2022/23, пред да почне сезоната“, велат во објавата на обложувалницата.
ICYMI, folkshttps://t.co/ZOYe4WkBtt
— Paddy Power (@paddypower) July 31, 2022