Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Рој Кин смета дека Ливерпул нашле совршена замена за Садио Мане во Уругваецот Дарвин Нуњез, и во исто време проценува дека неговиот поранешен клуб нема да има шанса да влезе во дуел со Ливерпул и Манчестер сити за титулата во Премиерлигата.
Нуњез стана рекордно засилување за Ливерпул по трансферот од Бенфика, откако Садио Мане замина за Баерн Минхен, и на вчерашниот меч од Комјунити шилд, тој имаше гол и асистенција за „црвените“ со 3:1 да ги совладаат Манчестер сити.
„Мислам кога нов фудбалер пристигнува во клубот, без разлика на позицијата, потребно е се адаптираат. За напаѓач најважно е да се постигне првиот гол. Тој веќе го направи тоа. Кој беше тој Мане? Тоа е фудбалот, луѓето одат понатаму, имате млад и гладен напаѓач. Ова беше добар ден за Ливерпул. Другите тимови може само да седат и да се надеваат дека овие два клуба ќе подзастанат. Со Пеп и Клоп? Нема шанси. Клоп им голема насмевка, доби нов договор, доби засилувања. Со среќа против овие два тима“, вели Кин