Неделната велосипедска програма на Игрите на Комонвелтот во Лондон беше прекинта по хорор-судир на повеќе велосипедисти, од кои Англичанецот Мет Волс и неговиот велосипед излетаа во публиката, нанесувајќи повреди на гледачите.
Повеќе велосипедисти беа повредени во втората квалификациска трка во машката „скреч“ трка на „Ли Вели“ велопаркот во Лондон, по што организаторите ја прекратија програмата. Во болница завршија олимпискиот шампион Волс и велосипедистот од Островот Мен, Мет Босток, како и барем еден гледач.
Ова не е првиот инцидент на велопаркот, откако во саботата Англичанецот Џо Труман мораше да добива кислород покрај патеката откако ја скрши клучната коска.
HUGE crash at cycling during the Commonwealth Games in England ?
— FlashPicks ⚡️ (@flashpicks) July 31, 2022