Крилниот напаѓач Бобан Георгиев го напушта македонскиот прволигаш Брегалница и следната сезона ќе настапува во дресот на Леотар во првенството на БиХ. Тој се враќа во босанскиот шампионат откако претходно беше дел од Борац Бања Лука.
Георгиев во Србија настапуваше за Радник Сурдулица, а во македонскиот шампионат беше дел од Силекс и од Металург.
Во Брегалница на проба се наоѓа камерунскиот интернационалец Марселин Гандо Биала кој е потенцијално засилување за нападот во тимот на Илчо Ѓорѓиоски.