Фил Фоден се согласил на нов долгогодишен договор со Манчестер сити, со што 22-годишниот Англичанец ќе добие седумкратно повисока плата од сегашната и со 225.000 фунти неделно ќе биде еден од најплатените млади фудбалери на светот, тврди „Дејли мејл“.
Сити повеќе месеци ја имаат понудата за договор до 2028 година, откако Фоден стана еден од најпостојаните првотимци во тимот на Пеп Гвардиола. Роден во близината на Манчестер, во Стокпорт, Фоден произлезе од академијата на Сити, иако повеќе членови на неговото семејство (вклучувајќи го и неговиот татко) се стратвени навивачи на Манчестер јунајтед.
Тој во 2018 потпиша договор со кој имаше основна плта од 30.000 фунти неделно.