Додека во медиумите главна тема е Френки де Јонг, уште еден фудбалер од средниот ред на Барселона е пред продажба, откако се тврди дека Рики Пуиг има договор за трансфер во Лос Анџелес галакси.
Пуиг, кој произлезе од славната школа „Ла масија“ на Барселона, е „вишок“ во тимот на Чави, кој ќе смета на новите засилувања како Франк Кеси. Тој не патуваше со клубот на американската турнеја, порачувајќи му да си најде нов клуб, и споре Фабрицио Романо неговото изненадувачко решение е трансфер во МЛС лигата.
Галакси веќе дале официјална понуда до Барселона и сега се решават само деталите.