Хрватскиот ветеран, Иван Перишиќ имаше интересна изјава за Арсенал, откако лутите ривали на Тотенхем спектакуларно не успеаја да се пласираат во топ 4 во Премиерлигата и пропуштија пласман во Лигата на шампиони.
„Топчиите“ завршија на петтото место со 69 поени, два помалку од Тотенхем, откако во 36. коло загубија со 3:0 од Спарс, но и во следниот меч против Њукасл за да ги пропуштат шансите за топ 4 пласман. Перишиќ открива дека Антонио Конте првпат му пратил порака во март 2022, а вториот контакт бил по победата над Арсенал.
„Мислам дека првпат бевме во контакт во март. Вторпат во април, кога победија против Арсенал и беше очигедно дека ќе бидат во Лигата на шампионите. Секогаш сум сакал да играм во ЛШ, но и да се пробам во Премиерлигата. Кога Арсенал не успеаја, тогаш беше послесно да се договориме“, вели Перишиќ.