Top Sport

Халанд ги предупреди ривалите: Можам да бидам многу подобар

Ерлинг Халанд не е загрижен од процесот на адаптирање во Премиерлигата, велејќи дека може да биде подобар во сите аспекти на неговата игра со Манчестер сити и Пеп Гвардиола.

Првиот „вкус“ на англискиот фудбал не помина најдобро – Сити загубија со 3:1 од Ливерпул во Комјунити шилд, а Халанд остана без гол по пропуштање на неколку лучни шанси. 22-годишниот Норвежанец пристигна за 51.1 милиони фунти од Борусија Дортмунд со огромна репутација на фантастичен напаѓач, со 86 гола во 89 меча, но верува дека може да биде многу подобар.

„Можам да се подобрам во секој аспект. Ако мислите дека сум добр во нешто, секогаш можам да бидам и подобар. Дел од фудблот е да се тргнеш од таму каде што ти е удобно, бидејќи така растеш како фудбалер и како личност. Ќе видиме како ќе се навикнам. Некои луѓе веднаш се подготвени, некои влегуваат директно. Но, јас не сум загрижен“, вели Халанд во интервју за „Скај спортс“.

Scroll to Top