Top Sport

Торичели: На Јуве веќе не му е потребен Бонучи

Поранешниот дефанзивец на Јувентус, Морено Торичели вели дека „старата дама“ не треба да прифати враќање во Торино на Леонардо Бонучи, бидејќи минатата сезона јасно се виде дека тој не недостасува во клубот.

„Мислам дека на Јувентус лани не им недостасуваше многу Бонучи. Историјата на Јуве кажува дека враќањето дома никогаш не функционира и за мене е навистина чудно да се чита за овие вести. Бонучи се мачеше во Милан, а Кјелини, Барѕаљи и Буфон направија неговото отсуство да не се почувствува. Калдара е еден од најдобрите млади италијански дефанзивци и подобро да му помогнат да се навикне на играта, отколку да го носат Бонучи“, вели Торичели за „Радио спортива“.

Бонучи помина само една сезона во Милан, каде што ја доби капитенската лента, но тој е незадоволен од одвивањето на настаните во седумкратниот европски шампион, откако американската „Елиот менаџмент“ го презеде клубот од кинескиот сопственик Јонгхонг Ли.

Според британскиот „Дејли мејл“, Јуве не е единствениот заинтересиран за италијанскиот репрезентативец, откако и Жозе Мурињо е подготвен да ја подобри одбраната на Манечстер јунајтед и е подготвен да потроши пари откако на американската турнеја се жалеше на слабата активност на трансфер пазарот на „ѓаволите“.

20-кратните англиски шампиони ова лето го купија Фред од Шахтјор Доњецк, младиот дефанзивец Диого Далот од Порто и ветеранот голман Ли Грант.

Scroll to Top