Ромелу Лукаку се запиша во листата на стрелците за Интер, меѓутоа „нераѕурите“ доживеаја незгоден 2:4 пораз од Вилјареал во подготвителен меч пред стартот на новата сезона следната недела.
Алфонсо Педраза ја донесе „жолтата подморница“ во водство по половина час игра, пред шест минути подоцна повратникот Лукаку да успее да постигне убав гол со глава. Сепак, тимот на Унаи Емери на полувреме отиде со предност, откако Френсис Кокелин во 43. минута повторно стрелаше за гостите.
Педраза, само што почна второто полувреме, зголеми на 1:3, за во 66. минута, само што влезе во игра Даниеле Д’Амброзио да ги донесе Интер на гол разлика. Сепак, импресивната победа на Вилјареал ја потврди Сенегалецот Николас Џексон во 81. минута од мечот.
ROMELU!
[1-1]#InterVillarreal #ForzaInter pic.twitter.com/CRCit9JMih
— Inter (@Inter) August 6, 2022