Македонскиот првак Шкупи го загуби и вториот натпревар (1:2) од Шамрок Роверс на арената „Тодор Проески“ и не успеа да обезбеди плејоф за пласман во групите од Лигата на Европа. Но, сепак, има утешна опција, тимот на Гоце Седлоски ќе игра во плејофот за да обезбеди учество во групната фаза од Конференциската лига на УЕФА.
Според прикажаното на двата меча со Шамрок, можеби на Шкупи таму и му е местото. Ирскиот шампион ги откри сите слабости во играта на македонскиот првак, недостигот на креација во средниот ред, но и одбрана која е порозна за европските натпреварувања.
Сепак, нема време за очајување, затоа што Шкупи треба да се подготви за следните искушенија.
Фото: Игор Паневски