Карпош Соколи и во третиот натпревар од ФИБА Еврокупот беше поразен, откако на гостувањето во Унгарија загуби од Фалко Вулкано со 108:87.
Вице-шампионот под водството на новиот тренер Ангел Тасевски на почетокот на мечот беа израмнет тим во Сомбатељ, одржувајќи ја разликата минимална (31:27), меѓутоа како што течеше мечот, посилниот унгарски сотав ја зголемуваше предноста за на полувреме да биде 64:49.
Најефикасен кај Карпош беше Американецот Џејлон Браун со 23 поени, а зад него беа Тадеус Мекфејден со 18 и Драган Лабовиќ со 17 поени. Следен меч за Соколи во Еврокупот е против уште еден унгарски тим, Солнок, на 8 ноември.