„Засрамувачкиот“ преоден рок на Манчестер јунајтед, во кој неколку месеци се обидуваа да го добијат Френки де Јонг, пред тој (наводно) да ги избере Челси, станува побизарен, откако по одбивањето на понудата за ветеранот Марко Арнаутовиќ, се тврди дека и Тимо Вернер преферирал враќање во Лајпциг наместо да се пресели на „Олд Трафорд“.
Според британскиот „Ескпрес“, Јунајтед имале преговори со Вернер, кого Ерик Тен Хаг високо го ценел, но тој по мизерните настапи во Премиерлигата, се решил да се врати во РБ Лајпциг. Вернер сметал дека така има поголема шанса да влезе во германската репрезентација за Светското првенство во Катар, откажувајќи се од платата од 275.000 фунти неделно на „Стемфорд Бриџ“.