Торино и официјално ги потврдија своите нови засилувања пред новата сезона, хрватскиот напаѓач од Вест хем, Никола Влашиќ и рускиот фудбалер од средниот ред, Алексеј Миранчук од Аталанта.
Двајцата ги поминаа медиинските тестови и се очекува да бидат во составот за мечот со Монца со кој „биковите“ ја отвараат сезоната. Двата договори се позајмица со опција за купување на крајот на сезоната, која може да стане задолжителна ако се исполнат одредени услови.
Влашиќ пристигнува со опција за купување од 15 милиони евра плус 3 милиони евра бонус, додека Миранчук би чинел 12 милиони евра. Влашиќ пристигна во Вест хем од ЦСКА Москва во 2021 за 30 милиони евра.
?️ | INTERVISTA
Miranchuk: “Toro eccomi, sono pronto”
? https://t.co/uZn5X2L2WD#SFT pic.twitter.com/ttCWW5FovQ
— Torino Football Club (@TorinoFC_1906) August 11, 2022
?️ | INTERVISTA
Vlasic: "Al Toro si dà tutto"
? https://t.co/W061kFZlzC#SFT pic.twitter.com/DPmXT9St4T
— Torino Football Club (@TorinoFC_1906) August 11, 2022