Британскиот професионален фудбалски клуб „Форест грин роверс“ е првиот клуб во светот што користи обновлива енергија, а на персоналот и фудбалерот им служи вегетаријанска храна, поради што го добил и престижниот сертификат на Обединетите нации (ОН).
„Форест грин роверс“ се натпреварува во Лига-2, односно четвртиот ранг на англискиот фудбал, во понеделникот објави дека станале првиот „карбон неутрален“ фудбалски клуб во светот.
Инаку, зелените акредитиви на „Форест грин роверс“ веќе неколку години го привлекуваат вниманието во светот, а тие за себе тврдат дека се првиот вегетаријански клуб во светот.
Вегетаријанци станале за да заштитат животните и за да ги зголемат перформансите на фудбалерите, а на навивачите да им понудат здрава храна во деновите кога клубот игра натпревари.
Клубот се движи 100 отсто на „зелена енергија“ од компанијата „Екотрисити“, чии основач е сопственикот на „Форест грин роверс“, Дејл Винс. На стадионот се поставени и соларни панели.
Тимот игра на органски терен , чии тревник го одржува робот што работи на соларна енергија, а целата вода што паѓа на трибините и терените се рециклира, со цел клубот да може да ја искористи и со тоа да ја намали употребата на водата од градскиот водовод.