Легендарниот поранешен француски напаѓач, Тјери Анри застана во одбрана на својот сонародник, Килијан Мбапе по неговата „епизода“ против Монпелје, кога не сакше да трча по топката и шпекулациите во француските медиуми за конфликт во тимот, посебно со Нејмар со наводен кризен состанок за да се решат несогласувањата.
Иронично, мечот заврши 5:2 за ПСЖ, а Мбапе беше меѓу стрелците на „Паркот на принцовите“.
„То е неговото место. Секако, ќе мора да го покаже своето најдобро ниво како и секогаш, но мислам дека нема што да докажува пред било кого. Тренерот ќе најде начин а аигра со Мбапе, Меси и Нејмар и да ги задоволи тројцата. Во ПСЖ секогаш постои дебата, проблем. Победија со 5:2 и зборуваме за Мбапе. Лани, зборувавме за Нејмар и Меси. Секогаш е така во ПСЖ“, вели Анри.