Пеп Гвардиола открива дека има целосна доверба во скаутите на Манчестер сити, и дека пред секој трансфер на фудбалер има само едно прашање: „Дали тој е добар човек?“.
Каталонецот инсистира дека главниот фокус не се квалитетите на фудбалерите кои ги ангажира, туку како се однесуваат во секојдневниот живот и во односот на соиграчите.
„Мојот омилен тип на фудбалер е кога се работи за добра личност. Не ме сфаќајте погрешно, секако, треба да бидат фудбалери со големо его, но не и преголемо. Сакам да работам со таков тип на играч. Нешто што го научив одамна е кога ќе купуваме фудблер прво да го прашам спортскиот директор на клубот: ‘Дали се добри луѓе’. Не ми е грижа за вештината, бидејќи нашите скаути ќе ми донесат добри играчи. Не се глупави“, вели Гвардиола.