Поранешната ѕвезда на Интер, Самуел Ето уште еднаш го повтори своето мислење дека Жозе Мурињо е најдобриот фудбалски тренер на светот, објаснувајќи дека тоа е така бидејќи има доверба во африканските фудбалери.
Поранешниот камерунски репрезентативец, кој сега е претседател на нивната фудбалска федерација, во интервју за „Џој спортс“, повторно го пофали тренерот со кого освои тројна титула со Интер во 2009/10.
„Тој е најдобриот тренер на светот, бидејќи забележува дека африканските фудбалери се најдобри на светот. Мурињо верува аво Африка и во фудбалерите, што е подготвен секогаш да даде шанса, за разлика од многу европски тренери. Тој дури отиде на одмор во Намибија“, вели Ето.
Ето и Дидие Дрогба се најзвучните африкански фудбалери со кои работел Португалецот, а сега во Рома има двајца африкански таленти, Ебрима Дарбо и Феликс-Афена Гијан.