Најдобриот светски ватерполист, Сандро Сукно, ќе продолжи со ватерполото за неколку месеци и сигурно ќе биде дел од хрватската репрезентација на СП во Јужна Кореја следната година, најави селекторот на Хрватска, Ивица Туцак.
„Сандро беше во Задар и сите тестови се добри. Ќе се сретнам со него наскоро и ќе зборувам за неговата состојба, но мислам дека работите се добри“, изјавил Туцак.
27-годишниот Сукно во март мораше да оди на операција на срцето во САД, по што се шпекулираше за крајот на неговата кариера. Тој ги забележа проблемите со срцето на почетокот на сезоната, по што следуваше безмилосното отпуштање од неговиот тогашен клуб, италијанскиот Про Реко.