Динамо Загреб, исто како и македонскиот шампион Шкендија, е во третото квалификациско коло на Лигата на шампионите, откако по убедливите домашни 5:0 против Хапоел Бер Шива, се „тресеше“ едно полувреме во Изреал, пред да одигра 2:2 и да обезбеди дуел со подобриот од двомечот меѓу Астана и Митјиланд.
Работите не тргнаа најдобро за „модрите“, откако прво Нигериецот Џон Огу во 14. минута донесе водство за израелскиот шампион, за во 34. минута Петар Стојановиќ да си постигне автогол за 2:0 и подгревање на надежите на домашниот тим за вистински реванш.
Меѓутоа, тимот на Ненад Бјелица не дозволи изненадување, и со два гола за само пет минути на почетокот на второто полувреме го реши патникот во третото коло. Марио Будимир во 49. минута и Изет Хајровиќ во 54. минута беа прецизни за „модрите“, за кои цел меч го одигра македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.