Навивачката група на Хајдук, Торцида со почесна гарда се прости од својот миленик, пејачот Оливер Драгоевиќ, еден од нивните најверни навивачи.
Во 19.50 часот, телото на Драгоевиќ со катамаран отплови кон Вела Лука со придружба на многу мали бродови. На кулата на Св.Дује беше поставена огромна слика од Драгоевиќ, а навивачите, кои претходно пристигнаа на последниот поздрав во бели кошули, со факли од врвот на катедралата се простија од миленикот.