Бразилскиот дефанзивец, Давид Луиз призна дека има „сериозен проблем“, откако мораше да биде заменет при меч на неговиот клуб, Фламенго. Бразилските медиуми тврдат дека поранешниот фудбалер на Арсенал и Челси има вирален хепатитис, и поради тоа чувствува екстремен замор.
Медицинскиот тим на Фламенго потврди дека тој ќе оди на дополнитени тестови за да се утврди сериозноста на проблемите, откако беше заменет на полувреме во меч од Бразилскиот куп.
„Видете, имам малку посериозен проблем. Ќе одам на тестови, а потоа ќе ви кажам што ми е“, изјави Луиз за „Глобо ТВ“.
Ова е втора сезона на Луиз со Фламенго откако си замина од Арсенал минатиот септември.