Top Sport

Интер тргнува по Лука Модиќ

Интер очигледно има големи амбиции во претстојната сезона, откако донесе неколку квалитетни засилувања, челниците на клубот ќе се обидат да го донесат од Реал, Лука Модриќ, објави „Скај спорт“.

Истиот извор наведува дека претставници на Интер веќе го контактирале менаџерот на најдобриот фудбалер на неодамна завршеното Светско првенство. Истата информација ја пренесе и „Газета дело спорт“.

Модриќ е играч на Реал од 2012 година, а во договорот неговата откупна клаузула изнесува 500 милиони евра.

Реал ова лето остана без првата ѕвезда, Кристијано Роналдо, а пред него клубот го напушти и тренерот Зинедин Зидан.

Scroll to Top