Челси се обидуваат да го „истераат“ Рос Баркли од тимот пред крајот на летниот преоден рок, и дури се подготвени да му исплатат огромна сума само за да го напушти клубот, тврди „Сан“.
28-годишниот поранешен англиски репрезентативец добива мала минутажа на „Стемфорд Бриџ“, и иако беше дел од американската турнеја на клубот, Томас Тухел не му даде шанса досега во новата сезона од Премиерлигата. Додека очекуваат да пристигне Ентони Гордон од поранешниот клуб на Баркли, Евертон, шансите на Баркли да остане играч на Челси се минимални.
Баркли, кој дојде во Лондон во 2018, има уште една година од неговиот договор со кој зема плата од 200.000 фунти, така што раскинот на договорот нема да биде евтин за Челси. Баркли беше позајмен во Астон вила во 2020/21, и имаше 24 настапи за клубот, додека лани имаше 14 настапи за Челси.