Макс Ферстапен доби „бонус“ два поени предност во генерален пласман во Формулаа 1 шампионатот, откако Шарл Леклер доби казна од 5 секунди по крајот на трката поради „небезбедно излегување од бокс“ по несфатливата одлука на Ферари да го повлечат во боксот во претпоследниот круг за да добие дополнителен поен за најбрз круг.
Необичната стратегија на Ферари не успеа, откако Леклер се најде зад Фернандо Алонсо на шестото место, и наместо во последните два круга да брка најбрз круг, мораше да се обиде да го претекне, што на крајот му успеа и тој ја заврши трката на петтото место. Меѓутоа, стјуардите на ФИА му доделија казна откако тој возел 1 км/ч побргу од дозволенот ово боксот, што значи дека сепак, ќе биде шести и ќе освои осум наместо десет поени.
„Тоа во боксот не е лоша среќа, туку моја грешка. Направив грешка и добив казна. Од друга страна викендов не бевме доволно брзи и тоа е најголемиот проблем. Дали сум уште во трка за титулата? Почнува да изгледа многу тешко. Посебно со брзината која ја покажавме, а имаме нова трка за една недела“, изјави Леклер.
Алонсо одговори со смеа на прашањето дали бил шокиран од влегувањето во бокс на Леклер.
„Бев изненаден, но Ферари прават некои чудни стратегии оваа сезона“, изјави Алонсо.