РБ Лајпциг ја продолжува соработката со Динамо Загреб, откако по трансферите на Дани Олмо и Јошко Гвардиол, хрватските медиуми јавуваат дека следна мета е 22-годишниот стопер, Јосип Шутало.
По позајмицата во Истра, Шутало минатата сезона стана стандарден првотимец на Динамо, а потоа дебитираше и во репрезентацијата на Хрватска во мечевите од Лигата на нации.
Според „Индекс“, Лајпциг ќе плати околу 15-тина милиони евра, со бонуси до 20 милиони евра, и Шутало најверојатно би останал во хрватскиот клуб уште една сезона на позајмица.
Лајпциг се заинтересирани за Шутало интересно како за замена за Гвардиол, кој според шпекулациите е пред трансфер од 80-тина милиони евра во Челси, но би останал во Германија уште една сезона.