Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ја потврди добрата форма во подготвителниот период. Фенербахче, во пријателски меч го победи Калјари 2:1, а Елмас асистираше за вториот гол во 57.минута.
Елмас, освои топка на својата половина, потоа се прошета низ редовите на противникот и му асистираше на Потук. Овој фудбалер шест минути претходно го постигна првиот гол за Фенербахче.
Fenerbahçe’nin Müthiş Golü ??
Eljif Elmas > Alper Potuk ⚽️ pic.twitter.com/Tr4peacNJv
— Me Darke Sports (@medarkesports) August 1, 2018
Единствен стрелец за Калјари на овој меч беше Марко Сау.