Top Sport

„Кралот“ во Лондон, Сити гостува во Неапол

Вечерва ќе биде комплетирано четвртото коло во Лигата на шампионите, а најинтересните натпревари ќе се одиграат во Лондон и Неапол.

Тотенхем на Вембли ќе го пречека Реал Мадрид. Двата тима баарат рехабилитација за поразите во домашните првенства, Тотенхем во саботата загуби од Манчестер Јунајтед, а Реал дена подоцна беше поразен од Џирона.

Тотенхем против Реал ќе биде посилен со Хари Кејн кој не играше викендов против Јунајтед.

Ви исто време во Неапол лидерот во Серија А, Наполи, ќе му биде домаќин на лидерот во Премиер лигата, Манчестер Сити.

Пред Наполи сигурно е најтешкиот противник во овој дел од сезоната, противник кој има серија од 13 победи.

Група Е:
Ливерпул-Марибор
Севилја-Спартак Москва

Табела: Ливерпул 5, Спартак 5, Севилја 4, Марибор 1

Група Ф:

Наполи-Манчестер Сити
Шахтјор-Феенорд

Табела: Манчестер Сити 9, Шахтјор, Наполи 3, Феенорд 0

Група Г:
Бешикташ-Монако
Порто-Лајпциг

Табела: Бешикташ 9, Лапјпциг 4, Порто 3, Монако 1

Група Х:
Тотенхем-Реал Мадрид
Борусија Дортмунд-АПОЕЛ

Табела: Реал 7, Тотенхем 7, Борусија 1, АПОЕЛ 1

Натпреварите ќе започнат во стандрдниот термин од 20:45 часот, исклучок е натпреварот во Истанбул каде Бешикташ ќе го пречека Монако од 18 часот

Scroll to Top