Top Sport

Тебас ја предупреди Барселона: Следната година нема да имате што да продавате

Иако денеска Ла лига потврди дека Барселона е „ослободена“ од грижите за регистрирање на играчи, откако „селери капот“ се искачи на 656 милиони евра по финансиските мерки кои ги презеде претседателот Жоан Лапорта, претседателот на лигата, Хавиер Тебас ги предупреди Каталонците дека ова не е долгорочно решение.

Барса се најде во незавидна позиција минатото лето, кога не можеа да си дозволат да му го продолжат договорот на Лионел Меси, но оваа година, откако продадоа дел од ТВ-правата во следните 25 години и дел од компанијата кои ги има права на опрема со логото на клубот, не само што успеаја да донесат многу скапи засилувања, туку и ограничувањето на буџетот за 2023 ќе биде максимален.

„Барса ќе мора да продолжи да ги намалува платите на своите играчи. Следната година нема да има финански мерки, и ќе мора да го намалат лимитот на плати, кој ќе биде окоу 400 милиони евра. Ќе видиме што ќе се случи со продажбата на фудбалери, но ќе биде многу, многу тешко да се заддржи истата ситуација и следната сезона“, вели Тебас за „Марка“.

„Коцката“ на Лапорта успеа – „селери капот“ на Барселонa скокна за 800 милиони евра!

Scroll to Top