Од понеделник првите две имиња на АТП листата ќе бидат комплетно нови и по деценија и половина на водечките позиции нема да биде ниту еден од тенисерите од големата тројка, Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер. Швајцарецот веќе подолго не е меѓу топ тенисерите, но Ѓоковиќ и Надал постојано се одржуваа на врвот.
The gloves will be off in the #USOpen final. ? pic.twitter.com/4M7xObfn0W
— US Open Tennis (@usopen) September 10, 2022
Финалето на УС Опен ќе донесе нов лидер во светскиот тенис. Тоа ќе биде освојувачот на титулата за која се борат Карлос Алкараз и Каспер Руд. Шпанецот би станал најмладиот кој се позиционира на лидерското место, додека Руд ќе биде првиот Холанѓанец кој станал број еден на АТП. Во секој случај ќе биде избегната бизарната ситуација првопласираниот да е без освоена грен-слем титула.
Рафаел Надал беше елиминиран од УС Опен во осминафиналето со поразот од Френсис Тиафо, а Ѓоковиќ не учествува на турнирот поради забраната за влез на невакцинирани против Ковид-19 во САД.