Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ демантира дека веќе почнал со преговори со Тотенхем за потенцијален трансфер на Хери Кејн на „Алијанц арената“ следното лето.
Баерн во преодниот рок се разделија со Роберт Левандовски, откако Полјакот премина во Барселона, оставајќи го тимот без вистинска „деветка“. Англиските и германските медиуми тврдеа дека Кејн е првата цел на Баварците во 2023 година, кога ќе има само уште една сезона од договорот со премиерлигашот.
„Не сум зборувал со никого од тимот на Хери Кејн. Имаме доверба во нашите фудбалери. Серж Гнабри, Садио Мане, Ерик-Максим Чупо-Мотинг и Матис Тел… Тоа се момци кои се подготвени за предизвикот. Имаме осум фудбалери на четири позиции. На крајот, секогаш се гледа што има на фудбалскиот пазар. Тинејџерот Тил има само 17 години и многу квалитети и потенцијал. Тој е најдобар талент во Европа на оваа позиција“, вели Салихамиџиќ за „Спорт 1“.