Полицијата во Милано уапсила 14 навивачи на Динамо Загреб, кај кои биле пронајдени ножеви, палки и чадни бомби пред дуелот од Лигата на шампионите на „Сан Сиро“.
Милано доживеа вистинска инвазија со над 4.000 навивачи на хрватскиот клуб пред дуелот од второто коло во Лигата на шампиони против италијанскиот шампион. Милан наредил дека нема да може да седат навивачи во секцијата под гостинската трибина, бидејќи постои опасност за фрлање предмети, а градските власти пак, забранија продажба на алкохол во центарот на градот.
#MilanDinamoZagabria, gli ultras croati fanno paura: 14 fermati in possesso di bastoni e coltelli #ChampionsLeague https://t.co/JqkfKRv0Vw
— calciomercato.com (@cmdotcom) September 14, 2022