Брајтон ја пронајдоа замената на Греем Потер, кој стана нов менаџер на Челси, во италијанскиот стручњак, Роберто де Зерби, тврдат италијанските медиуми, кои додават дека преговорите се пред крај.
43-годишниот Де Зерби е без ангажман откако по руската инвазија на Украина си замина од Шахтјор Доњецк, нецела сезона откако беше поставен како тренер по неговата возбудлива 4-2-3-1 тактика со која играше во Сасуоло.
Според „Спорт Италија“, се очекува наскоро да биде потврден неговиот ангажман, со што италијанскиот стручњак ќе може да се докаже во Премиерлигата.