Лука Дончиќ се врати во Мадрид оваа недела по барање на неговите спонзори по што призна дека еден ден би сакал да се врати во шпанската престолнина да игра тенис.
19-годишниот Словенец играше за Реал Мадрид од 2015 до 2018 година, пред на НБА драфтот да биде избран од Атланта хоукс, кои веднаш го трејдуваа во Далас маверикс, каде што ќе ја стартува американската кариера. Дончиќ, кој е амбасадор на видео-играта „НБА 2К19“, вели дека е подготвен за предизвикот.
„Се надевам дека ќе имам добро влијание во САД, но мирен сум бидејќи веќе играв во еден од најдобрите тимови на светот. Би сакал да се вратам во Мадрид на 38-39 години и да работам со младите кошаркари. Далас е сосема поинаков тим од Реал, бидејќи имаме тим кој треба да се гради. Се надевам дека еден ден ќе имам шампионски прстен, но засега е невозможно да мислам на тоа“, изјави Дончиќ во интервју за „Марка“.