Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер ноќта помеѓу вторникот и средата гостуваа во Милвоки и забележаа победа 110:91. Прво има во составот на Оклахома беше Кармело Ентони со 21 поен, а на Расел Вестбрук му фалеше една асистенција (12 поени, 10 скока, 9 асистенции).
Милвоки го предводеше најдобриот играч Јаниас Адетокумбо со 28 поени.
Сепак ѕвездите на двата тима ги засени еден навивач со својата маска. Имено, на деното кога во најголем дел од светот се обележува „Ноќта на вештерките“, навивачот ги воодушеви сите во арената со својата оригиналност.
Својата ќелава глава тој ја претвори во кошаркарска топка, а околу вратот обеси мрежичка.