Фиорентина веќе се договорила со Јувентус за трансфер на младиот хрватски репрезентативец Марко Пјаца со Јувентус, добивајќи го на позајмица со опција за откуп на договорот.
„Виола“ ќе плати 3 милиони евра за напаѓачот, а може да го добие на крајот на сезоната за 22 милиони евра, откако тој имаше само седум настапи за Јувентус лани. 23-годишниот Пјаца дојде во Јуве од Динамо Загреб во 2016, но првата сезона беше одбележана со повреда на лигаментите на коленото, по што половина од минатата сезона помина како позајмен играч на Шалке (каде што имаше само седум настапи).
По Гонзало Игуаин, Пјаца е вториот напаѓач на Јуве кој заминува по доаѓањето на Кристијано Роналдо, а исто така се верува дека и младиот Андреа Фавили ќе биде позајмен на Џенова оваа сезона.
Фиорентина, под водство на Стефано Пиоли, веќе се засили во нападот, добивајќи го Кевин Мираљаш од Евертон.