Паоло Малдини, легендата на Милан, кој сега работи како технички директор на тимот и споредд многумина е најзаслужниот за освојувањето на италијанската титула минатата сезона по умните (и евтини) засилувања, признава дека не очекувал скудетото да се врати кај „росонерите“ толку бргу.
Малдини се врати во клубот во 2018 година, по што успеа да направи неколку клучни зделки за тимот, како потписот на Тео Ернандез од Реал Мадрид (20 милиони евра) и на Рафаел Леао од Лил (35 милиони евра).
„Првото скудето како директор е многу важно и поинакво од другите кои ги освоив. Како директор имав искуство зад мене, и поважен беше моментот на тие кои немаа освоено титула. Сепак, задоволството беше мое и на фановите. Не бев сигурен дека можевме до скудетото, туку то беше само идеја. Но, така беше и во минатото – Анчелоти ни ја даде идејата дека можеме до титула од Лигата на шампионите, а потоа Ѕакерони не инспирираше да го освоиме скудетото. Понекогаш треба да сонуваш за работите да се остварат. Во зимскиот преоден рок едноставно немавме буџет, а Интер го добија Госенс, а Јувентус, Влаховиќ“, објаснува 54-годишниот Малдини.