Top Sport

Новиот стадион на Милан и Интер ќе има максимум 65.000 седишта

Милан и Интер денеска уште еднаш го претставија својот проект за изградбата на нов стадион во Милано, инсистирајќи дека стадион со 60-65 илјади седишта е идеален за градот и уверувајќи ги фановите дека нема да има драстично зголемување на цената на билетите. Овој план е тековен веќе три години и е преправан неколку пати по забелешките на локалните власти, а исто така уште не е утврдена ниту формата на стадионот.

Локацијата исто така не е детално утврдена, бидејќи желбата е да се изгради во близина на „Стадио Џузепе Меаца“, кој потоа ќе биде срушен, но ако градските власти не го дозволат тоа, тогаш ќе биде изграден во предградието на Милано, Сесто Сан Џовани.

„Проектот е стадион со 60-65 седишта, кој потоа би требало да биде исполнет на секој меч, нешто што не се случува сега. Исто така ќе се избегне големо зголемување на билетите за фановите“, вели Марк ван Хулкслот, директоро за инфраструктура на Интер.

Сегашниот стадион, иако го носи името „Џузепе Меаца“, познат е како Сан Сиро поради квартот во кој се наоѓа и има капацитет од 80.018 гледачи.

„Потребна ни е нова модерна структура која ќе ги служи тимовите и фановите. Разликата во приходи од билети помеѓу Интер и Милан и големите европски клубови каако Реал Мадрид и Баерн Минхен е 80 милиони евра во однос на 140 милиони евра. За да се биде конкурентен, секој клуб треба стадион“, вели Џузепе Бономи, советникот на Милан.

Scroll to Top