Потпретседателот на Барселона, Едуард Ромеу тврди дека ќе биде финансиски „возможно“, Лионел Меси да се врати во Каталонија следната сезона. Меси уште нема потврдено што ќе прави по крајот на сезонат 2022/23, која му е последна под договор со Пари Сен-Жермен, инсистирајќи дека е фокусиран само на Светското првенство.
Шпекулациите за негово враќање во Барселона, која ја напушти во солзи во летото 2021, откако клубот не беше способен да му даде договор поради правилата на Ла лига.
„Ќе биде возможно финансиски бидејќи ако се врати ќе пристигне како слободен агент. Но, тоа е одлука која треба да ја направи стручниот тим и фудблерот. Не е до мене да кажувм дека тој ќе се врати, но би можел да кажам дека тоа е остварлив проект“, вели Ромеу.