Top Sport

Јап Стам објаснува како да се сопре Ерлинг Халанд

Легендарниот поранешен дефанзивец на Манчестер јунајтед, Јап Стам во интервју за „Спортбајбл“ смета дека знае како премиерлигашките клубови треба да се бранат од норвешкиот „снајпер“ на Манчестер сити, Ерлинг Халанд.

22-годишниот Халанд по трансферот од Борусија Дортмунд постигна неверојатни 11 гола во првите седум меч од Премиерлигата, вклучувајќи два хет-трика, а додаде и три гол во два меча од Лигата на шампионите. Во недела ќе го игра првото големо дерби во Англија против Манчестер јунајтед и Стам, кој освои три титули со Јунајтед вели дека знае точно што треба да се прави против него.

„Мораш да бидешш многу агресивен. Кога тие ќе ја имаат топката, треба да играш на половината на Сити, да осигураш некој да е блиску до Халанд или да го извади од игра, посебно кога ќе ја загубиш топката да не дозволиш таа да дојде до него. Мора да го покриваш, бидејќи ако се обидеш да ризикуваш и да играш еден-на-еден со простор зад тебе, ќе биде тешко да го сопреш. Затоа мора да играш агресивно на него“, објаснува 50-годишниот Стам.

Тој исто додава дека тимовите се обидуваат да прават посебни планови за него.

„Тимовите ја менуваат својта поставеност во одбраната кога игра тој поради таа закана, некои велат дека треба да ставиме и фудбалер од средниот ред пред него, за да не му дадеме доволно време. Мора да направите избор“, додава Холанѓанецот.

Scroll to Top