Новиот фудбалер на Манчестер јунајтед, Антони вели дека научил многу од Кристијано Роналдо по трансферот на „Олд Трафорд“ ова лето. Јунајтед платија голема сума да го донесат Бразилецот од Ајакс, и иако тој нема заиграно во исто време како португалскиот ветеран, тој вели дека неговото присуство се чувствува во тимот.
„Среќен сум и му го кажав тоа директно на Кристијано. Покрај него секогаш е пријатно, и веќе се чувствувам како да го познавам долго време. Има прекрасна фудбалска историја и е вистински репер за сите кои се помлаи од него. Знаете, претходно играв видео-игри со неговиот лик, го гледав на телевизија и сега сум со него во иста соблекувална. Имам само 22 години и можам да научам многу од него“, вели Антони за „ЕСПН Бразил“.