Лука Модриќ и Sofascore го сочинуваат најдоброто хрватско дуо на светската спортска сцена, а од сега на спортските љубители им најавуваат многу добри вести. Најпознатиот хрватски репрезенаттивец и ѕвезда на Реал Мадрид е заштитно лице на Sofascore, апликацијата за следење на спортските статистики со глобален дофат.
Соработката со Модриќ е објавена во моментите кога хрватската ИТ компанија Sofascore влегува во ново поглавје на своето работење, започнувајќи со дизајнерски исчекор и објава на новото лого на прославата во центарот на Загреб. Добропознатт „софа“ од логото е заменета со стилизирано „S“ кое посочува на фокусираноста на деталите, но и широкиот опсег на спортови кои корисниците можат да ги добијат преку апликацијата.
Најавените промени вклучуваат и дополнителни подобрувања во објавувањето на комплексните статистики до корисниците на едноставен и привлечен начин, со цел приближување на сите спортови до сите.
Силата на Sofascore е во објективните параметри – броевите и податоците, но тоа што стои зад тоа секогаш е спортската страст, емоциите и желбата за постигнување на најдобар можен резултат.
„Соработката со најдобриот од најдобрите, Лука Модриќ, само е потврда дека не сме подготвени за компромиси кога се работи заедничката страст кон спортот, посветеноста кон прецизни и брзи анализи на тоа што се случува на теренот и желба за поместување на границите“, изјави Златко Хркаќ, кој заедно со Иван Бешлиќ е основач на Sofascore.
„Како и нашиот прв бренд амбасадор Лука Модриќ, Sofascore започна без скратени патишта, со многу напорна работа и во текот на годините стигна до светска слава и препознатливост“, изјави Бешлиќ, кој заклучува: „Денеска можеме да се пофалиме со 22 милиони месечно активни корисници, партнерство со големите светски медиуми и планови кои во иднината ќе ја потврдат нашата лидерска позиција во светот на спортската аналитика“.