И покрај тоа што Барселона доминираше во играта, Интер има предност од 1:0 на „Сан Сиро“ по првите 45 минути од третото коло во Лигата на шампиони, откако Хакан Чалханоглу во финишот на полувремето со убав удар да ги донесе домаќините во водство.
Вториот италијански клуб кој е во акција исто така има импресивен резултат на полувреме – Наполи води кај Ајакс со 3:1, иако Кудус ги донесе во водство домаќините по само 9 минути. Распадори (19.), Ди Лоренцо (33.) и Зиелински (45.) беа стрелци за Наполи.
Ливерпул има 1:0 водство против Ренџерс по прекрасниот гол од слободен удар на Трент Александер-Арнолд, додека Атлетико Мадрид губи на гости кај Клуб Бриж со 1:0.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 3.КОЛО, ПО ПРВО ПОЛУВРЕМЕ
ГРУПА А
Ливерпул – Глазгов Ренџерс 1:0
Ајакс – Наполи 1:3
ГРУПА Б
Клуб Бриж – Атлетико Мадрид 1:0
Порто – Баер Леверкузен 0:0
ГРУПА Ц
Интер – Барселона 1:0
ГРУПА Д
Ајнтрахт Франкфурт – Тотенхем 0:0
What a strike! Hakan Calhanoglu puts Milan ahead #INTFCB #InterBarça #UCL #ForzaInter #InterBarca
Via: @iFSHQ
Hudson-Odoi | Hakan Calhanoglu | Inter Milan | Barcelona | Dembele | Congratulations Hermes | Darwin Nunez | Ajax | Pedri | Napoli | Alexis Sanchez | pic.twitter.com/K7a27gi5gO
— Anything News (@AM7Desk) October 4, 2022