Top Sport

Малатијаспор со поддршка за Месут Озил

Одлуката на Месут Озил да се повлече од германската фудбалска репрезентација поради наводниот расизам во федерацијата, предизвика огромен број коментари во Германија, но и во Турција.

Една од најголемите критики кон Озил не беше насочена кон неговите перформанси на теренот (иако и тие беа критикувани), туку кон фотографијата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Томас Милер и Мануел Нојер демантираа дека постои расизам во репрезентацијата, а Озил беше на мета на коментарите на луѓе како Франц Бекенбауер и Ули Хенес. Но, затоа поддршка доаѓа од Турција.

Малатијаспор на пријателски меч решија да му дадат поддршка на Озил, носејќи маички на Германецот со турско потекло со порака: „Ние сме со тебе, кажете не на расизмот“.

Scroll to Top