Лаутаро Мартинез вели дека не жали што пропуштил шанса да направи трансфер во Барселона, велејќи дека е пресреќен во Интер и дека сака утре да им даде гол на Каталонците.
Барселона се обиде да потпише со аргентинскиот напаѓач неколку пати во последнте неколку години, но тој реши да го продолжи договорот и да остане во Милано, и секако, при гостувањето во Каталонија беше запрашан за врските со Блауграна.
„Работам за да им помогнам на соиграчите и да бидам подобар секој следен ден и горд сум што сум симбол на Интер. Поминаа повеќе години од преговорите со Барселона, и сега ќе дадам се за Интер. Знаеме дека Барса е полна со квалитетни фудбалери, но го контролиравме мечот на ‘Сан Сиро’ и ќе се обидеме да го повториме тоа. Не би бил среќен со реми, сакам да си заминеме како победа“, вели Мартинез.